Машката фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година забележа минимална победа од 2-1 нагости кај Фарски Острови во шестата квалификациска група за Европското првенство што идната година треба да се одржи во Унгарија и Словеија.
Македонските надежи потешко од очекувањата стигнаа до трите бода важни за останување во борба за втората позиција преку која може да се најдеме повторно на континентален собир. Се чини во мислите беше домашниот триумф над истата селекција од 7-1.
Во првото полувреме Македонија ја имаше иницијативата, упати повеќе удари кон противничкиот гол, а оној на капитенот на овој меч, Ристовски, во 18 минута заврши во мрежата за 0-1.
Во второто полувреме се почувствува заморот кај нашите репрезентативци, па селекторот Милевски со неколку замени се обиде да ја освежи пред се средината на теренот.
Тоа вроди со плод во 80 минута кога нововлезениот Ацковски најдобро се снајде пред противничкиот гол и погоди за комотни 2-0.
Сепак, по само 4 минути домашните фудбалери повторно ја вратија неизвесноста, Кнудсен со удар од далечина намали на 1-2. Сепак, до крајот немаше промена на резултатот и бодовите патуваат кон Македонија.
Нашата селекција сега е на второто место со 10 бода. Трет е Израел со 8, но и меч помалку.
> Надежите со гостински триумф кај „фенерџијата“ во групата <