Утрински Весник
Спорт

Надал признава: Не сме блиски пријатели со Федерер

Надал признава: Не сме блиски пријатели со Федерер
Dik 300x250 mk

Иако во нивното долгогодишно ривалство на тениските терени секогаш си покажувале респект еден кон друг, Рафаел Надал вели дека не е „близок пријател“ со Роџер Федерер, иако може да зборува со него директно за многу работи.

Почетокот на нивното ривалство беше навистина луто – Надал се појави на сцената како тинејџер кој беше доволно моќен да ја предизвика доминацијата на Федерер, а различниот стил на игра ги подели и тениските фанови. Со текот на годините, ривалството стана пријателство, но не до таа граница како што некои веруваат.

„Да, добри соработници сме и како што минуваше времето ги подобривме нашите односи. Но, не сме блиски пријатели, нема да му кажам дека ме боли коленото пред да играм со него. Понекогаш се слушаме на телефон и зборуваме за различни теми. Баш денеска разговарав со него“, вели Надал во интервју за „Визион де хуего“.

> Надал признава: Не сме блиски пријатели со Федерер <

Можете да прочитате

Дербито Шкендија – Вардар го комплетира 10. коло во ПМФЛ

Таткото на Јамал застана во одбрана на својот син

Кошаркарската федерација со конкретни мерки за зачувување на регуларноста и интегритетот на натпреварите