Утрински Весник
Магазин

Надал ги изненади фановите кога откри како ја одржува својата фигура

Надал ги изненади фановите кога откри како ја одржува својата фигура

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал извојува победа над квалификантот Јаник Ханфман на Отвореното првенство на Австралија (Аус Опен) во средата, но фановите не можеа да престанат да коментираат за неговото интервју по натпреварот.

Победата не беше тема на коментарите на социјалните мрежи, туку разговорот со Џим Куриер, поранешниот гренд слем шампион кој сега е водител на програмата на големите турнири.

Куриeр праша како Надал се одржува во добра форма на 35 години, а Шпанецот ги запрепасти сите со својата фитнес исповед.

„Играм голф. Па, искрено, и тоа е вистината. Никогаш не сум бил љубител на теретана,“ одговори Надал и ја насмеа публиката.

Куриeр веднаш му рече: „Лажеш“. Но, Надал беше категоричен.

„Не сум голем љубител на сали за вежбање. Повеќе сакам спортување, сакам да практикувам различни спортови“, додаде тој.

„Бидејќи пред неколку години имав проблем со колената, па со стапалото, не можев да се занимавам со различни спортови како порано, а денес, се разбира, морам да бидам малку повеќе фокусиран на работи кои веројатно во минатото не сум бил.“

Американецот потоа го праша што ќе прави кога ќе се пензионира, а Надал му возврати со комплимент на коментаторот.

„Изгледаш одлично, јас би сакал да личам на тебе, на твоја возраст!“ се пошегува Надал.

Признанието на Надал дека не е голем љубител на бодибилдинг изненади многумина.

Откако Шпанецот влезе во АТП листата, неговите маици без ракави и бицепсите станаа дел од неговата тениска аура, коментираат таблоидите.

Можете да прочитате

Позната српска водителка пронајдена мртва во стан во Белград

Овие три навидум здрави намирници предизвикуваат дебелеење

Напиток од лимон и маслиново масло за здрав црн дроб