Утрински Весник
Магазин
Img 7972

Наградите за Џони Деп се навредливи, тврдат добротворни организации

Наградите за Џони Деп се навредливи, тврдат добротворни организации
Img 7972

Водечки добротворни организации против насилство врз жени и семејно насилство упатија остри критики кон два големи европски филмски фестивали затоа што одлучиле да му оддадат почест на Џони Деп на нивните претстојни настани.

Деп, кој минатата година ја загуби тужбата за клевета за напис во весник каде беше наречен „тепач на жена“, ќе биде награден на филмскиот фестивал во Карлови Вари подоцна овој месец.

Американскиот актер и режисер, исто така, треба да ја добие наградата „Доностија“ на филмскиот фестивал во Сан Себастијан, Шпанија, во септември.

Федерацијата за помош на жените соопшти дека ова е непочитување кон жртвите на семејно насилство.

Solace Women’s Aid, друга добротворна организација и една од членките на Федерацијата за помош на жените, претстојните награди за актерот ги нарече „погрешни и навредливи“.

Филмскиот фестивал во Сан Себастијан, крајбрежен град во северна Шпанија, во понеделникот објави дека Деп ќе прими „највисока почесна награда“ на 22 септември.

Можете да прочитате

TECHMECH 2025 – Саем за пракса и вработување на Машинскиот факултет

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД: „БИЗНИС ЛИДЕР“ ЌЕ ГИ НАГРАДИ НАЈУСПЕШНИТЕ МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ ЗА 2024 ГОДИНА

Овие 2 знака ќе се збогатат или ќе освојат премија – и тоа веќе до ноември