Утрински Весник
Македонија

Наградени најдобриот скопски пожарникар, полицаец и крводарител за оваа година

Наградени најдобриот скопски пожарникар, полицаец и крводарител за оваа година

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов ги додели наградите на најдобриот пожарникар, полициски службеник  и крводарител во Скопје за 2020 година.

Наградата за најдобар пожарникар за 2020 година ја доби Никола Мајнов – пожарникар спасител во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Дарко Јовановски, вработен во Полициска станица од општа надлежност „Гази Баба“, ја доби наградата за најдобар полициски службеник.

Звонко Васев е истакнат крводарител кој ја потврдил својата хуманост со 89 дарувања крв и ја добива наградата за крводарител на годината.

„Скопје е град на солидарноста и ние ја чуваме таа традиција, а хуманоста и солидарноста стана дел од нашите животи, од начинот на живеење на  скопјани. Во овие тешки времиња, особено тешки животни услови и ситуации предизвикани од  ковид-19, не можеме да ги заборавиме оние што се истакнале со својата хуманост преку своите дела. Се надевам дека овие награди ќе бидат мотив за добитниците, за нивните колеги, како и за сите нас, како колеги и граѓани да бидеме похумани и посолидарни и да се обидеме да помогнеме секогаш кога можеме, кога на некого ќе му биде потребна помош“, рече Шилегов.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сообраќајот кон Пониква и кон село Бели се одвива по една коловозна лента

Четврти Меѓународен форум на креативни индустрии во Скопје

Локалното новинарство во фокусот на осмото издание на Медиумскиот фестивал Скопје