Утрински Весник
Магазин

Наградата „Меркјури“ доделена на Мајкл Киванука

Наградата „Меркјури“ доделена на Мајкл Киванука

Пејачот текстописец Мајкл Киванука е добитник на наградата „Меркјури“ 2020, една од најпрестижните британски музички награди, за неговиот албум „Киванука“.

Извонреден албум на политизирана душа, коментира „Би-би-си мјузик“ и додава дека ѕвездата истражува теми на самодоверба, вера и граѓански права.

Објавен во ноември минатата година, „Киванука“ ги победи најпродаваните Future Nostalgia на Дуа Липа и Heavy Is The Head на Стормзи, освојувајќи ја наградата од 25.000 фунти.

„Музика е сè што некогаш сум сакал да направам, па затоа сум над месечината. Бев уверен дека ако не освојам награда оваа година, веројатно никогаш нема да освојам“, изјави тој за „Би-би-си 6 мјузик“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Почина Мишо Ковач – 24info.mk

Хали Бери ја изгуби судската битка по обвинувања дека го давела својот син, момчето ќе живее со татко му

Брајан Адамс со песна го критикува претседателот Трамп поради преименување на езерото Онтарио