Утрински Весник
Спорт

Навивачка еуфорија: 90.000 барања за билети за мечот Сасуоло – Милан

Неверојатна еуфорија владее во „црвено-црниот“ дел од Милано. Милан в недела има можност по 11 години да го освои„скудетото“. До крајот на сезоната останува само уште едно коло, а „росонерите“ ќе гостуваат кај Сасуоло. Потребен им е еден бод на „росонерите“ за да стигнат до титулата бидејќи имаат два бода повеќе од Интер и подобар меѓусебен сооднос во дуелите.

Се разбира, сите сакаат во живо да го гледаат мечот меѓу Сасуоло и Милан,. Фановите на „росонерите“ се подготвени да направат вистинска инвазија на стадионот „Мапеи“.

Има дури 90.000 барања за билети за овој натпревар, а капацитетот на стадионот е само 21.000 места.

> Навивачка еуфорија: 90.000 барања за билети за мечот Сасуоло – Милан <

Можете да прочитате

На Меси му е дијагностициран со мускулен замор

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп