Утрински Весник
Спорт

Навивачите на Шкупи и Динамо скандираа „Убиј го Србинот“

Фудбалерите на Шкупи синоќа извлекоа позитивен резултат на „Максимир“ во Загреб. Првиот натпревар од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите помеѓу Динамо и Шкупи заврши со резултат 2:2.

dobivaj vesti na viber

Натпреварот го обележа скандалозното однесување на двете навивачки групи. „Шверцерите“, навивачи на Шкупи, во еден момент го кренаа знамето на озлогласената ОВК, а потоа скандираа „Убиј го Србинот“. Тука тие добија поддршка од „Бед Блу Бојс“, навивачката група на Динамо.

Медиумите во Хрватска во своите извештаи потенцираат дека УЕФА ќе ги казни клубовите за однесувањето на нивните навивачи.

 

Можете да прочитате

Норвешка побара истрага од ФИФА за наградата за Трамп

ЕХФ отвори истрага за наводни расистички навреди на реваншот во Охрид

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0