Утрински Весник
Спорт

Наваро ќе биде нов генерален менаџер на Барселона

Наваро ќе биде нов генерален менаџер на Барселона

Легендарниот Хуан Карлос Наваро, ќе биде генерален менаџер на Барселона. На функцијата тој треба да го замени Начо Родригез. Родригез (51), беше назначен за генерален менаџер во март 2017 година, неговиот договор е важечки уште една година.

Хуан Карлос Наваро (40) е легенда не само на Барселона туку на светската кошарка, кариерата ја заврши во 2018 година. По завршувањето на кариерата, тој остана во клубот, а сега ќе добие одоговрна функција.

Наваро, кариерата ја започна во 1997 година, со исклучок на сезоната која ја мина во Мемфис Гризлис, цело време беше во Барселона.

> Наваро ќе биде нов генерален менаџер на Барселона <

Можете да прочитате

ФИФА откажа 2.000 хотелски резервации за СП 2026 година во Филаделфија

Поднесена е жалба до Европската комисија против ФИФА поради цените на билетите за Светското првенство

Реми на македонските ракометари со Австрија