Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Навални: Тврдам дека зад труењето стои Путин

Кремљ не гледа основа за да покрене кривична истрага за состојбата на Навални
Img 7972

Рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, за германски „Шпигел“ изјави дека не се сомнева дека рускиот претседател, Владимир Путин, стои зад неговото труење. Тој во интервјуто вели дека не се плаши од рускиот претседател.

„Тврдам дека Путин стои зад тоа злосторство и немам ниту една друга верзија за тоа што се случи“, изјави Навални за „Шпигел“.

На Навални му се слоши во авион додека беше на турнеја во Сибир и веднаш беше пренесен во болница во Омск, каде падна во кома. Руските лекари рекоа дека се сомневаат во метаболичко нарушување и ја отфрлија секоја можност дека Навални е отруен.

Потоа, Навални беше префрлен во болница во Германија, а тамошните лекари рекоа дека имаат докази дека Навални бил отруен со нервен агенс „Новичок“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори