Досега необјавениот албум на Дејвид Боуви, Something In The Air (Live Paris 99), ќе им биде достапен на слушателите од 14 август, а на него има 15 песни снимени во живо на концерт во Елисеј Монмартр во Париз на 14 октомври 1999 година, истиот ден кога му е врачена почеста Commandeurs of the Ordre des Arts et des Lettres, пишува Uncut.
Албумот содржи 12 необјавени нумери, како и три песни што беа објавени како Б-страна на синглови од албумот Hours. Во албумот се наоѓа и Can’t Help Thinking About Me, првично објавена во 1966 година, но не е изведена повеќе од 30 години, потоа Word On A Wing, која беше вклучена во сетот по речиси четвртина век, како и Drive-In Saturda, која Боуви не ја има изведено од 1974 година. Песната по која е именуван албумот беше изведена првпат на овој настап, пренесува „Равно до дна“.
Албумот Something In The Air (Live Paris 99) засега ќе биде достапен само за стриминг, а сè уште нема информации за физичкото издание.