Утрински Весник
Македонија

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Муслиманите во земјава, како и во целиот свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце, денеска во сите џамии се служи утрински Бајрам-намаз.

Рамазан-Бајрам е ден кога се сретнува моќта на богатите со слабоста на сиромашните во љубов, милост и правдина.

Ден кога сиромашните се радуваат во удобностите на животот, ден кога роднините се сретнуваат во благодет и внимание еден за друг, ден кога муслиманите се соединуваат во молитви и меѓусебни посети, ден кога пријателите ги оживуваат мостовите на љубовта и елементите на блискост, ден кога благородниот дух ги простува грешките на другите и се соединува по разделбата.

По повод празникот, честитка до верниците од исламска вероисповед упати поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи.

„Жедта и гладот ​​во текот на месецот Рамазан ја зајакнаа нашата грижа кон човекот, така што денес на овој голем ден на Рамазан Бајрам сме посолидарни и похумани од кога било досега. И овој принцип теоретски и практично ги дефинираше чувствата на мир, толеранција, хуманизам и солидарност. Рамазан со своите вредности како и овој голем ден Рамазан Бајрам нè учат дека војната е туѓа во исламот додека мирот е најскапоценото нешто на човекот и неговата главна цел и сиот потенцијал на верниците да се стави во негување на мирот и благосостојбата меѓу луѓето… Честит Рамазан Бајрам“, изјави Шаќир Фетаи, претседател на ИВ

Можете да прочитате

Под контрола два пожари на отворен простор

Околу 30 илјади патници минале на ГП „Ќафасан“ во последните три дена

Апасиев во Крушево: Борбата е вечна, победата неизбежна