Утрински Весник
Спорт

Мурињо формира сериозен тим – Рома може да се бори за титулата во Серија А

Жозе Мурињо е на добра пат да состави тим со кој ќе може да се вмеша во борбара за титулата во Серија А. Досега Рома се засили со Пауло Дибала, Немања Матиќ, голманот Миле Свилар и Зеки Челик, а наскоро на „Олимпико“ би можеле да пристигнат Џорџинио Вајналдум и Ерик Баји.

dobivaj vesti na viber

Италијанските медиуми пишуваат дека Жозе Мурињо побарал од клупските челници да му го донесат Баји. Овој играч, во минатото Мурињо го донесе од Виљареал во Манчестер јунајтед за 40.000.000 евра.
Баји нема да има минутажа покрај Варан, Мартинез и Мегваер и е подготвен да си замине од „Олд Трафорд“.

Слична е ситуацијата и со Вајналдум, кој не успеа да се наметне во ПСЖ.

Мурињо сака да го го спои Холанѓанецот со Матиќ, заедно со другите засилувања, со Дибала кој би играл како полу-шпиц зад Ејбрахам, Рома ќе може да влезе во борба за висок пласман во Серија А.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина