Утрински Весник
Македонија

Музички настап на Наде Талевска и Горан Наумовски на покривот на Џевахир

Музички настап на Наде Талевска и Горан Наумовски на покривот на Џевахир
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 3 мај 2020 (МИА) – Жителите на Аеродром денеска од 18:45 часот од своите домови ќе можат да го слушнат музичкиот настап во живо на Наде Талевска и Горан Наумовски, „Trinity Strings“ и DJ „Todoroff“ на покривот на една од кулите од комплексот Џевахир.

Настанот е во организација на Општина Аеродром и Џевахир скај сити, а ќе се пренесува и на фејсбук страната на општината.

Организаторите ги повикуваат сите жители на Аеродром од своите балкони или следејќи го лајв стримот преносот во својот дом, да се приклучат кон хепенингот и на овој начин, иако одвоени, а сепак заедно, да поминат убава вечер во дружба. бт/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Силјан” конечно „слетува” на црвен тепих во Скопје

 Сиљановска-Давкова разговараше со македонските мировници: Не е случајна огромната доверба на граѓаните во Армијата

Деспотовски не ја негираше соработката со ВМРО и повторно ја нападна СДСМ