Утрински Весник
Македонија

Музичарите и угостителите поставија „ноќен клуб“ пред Владата, бараат нови протоколи за работа

Музичарите и угостителите поставија „ноќен клуб“ пред Владата, бараат нови протоколи за работа

Со импровизиран ноќен клуб пред Владата, а под мотото „Протестирам против уништувањето на ноќните клубови“ музичарите, угостителите, диџеите, и останати засегнати од оваа индустрија излегоа на протест и побараа средба со претставници од извршната власт за да им ги презентираат нивните барања.

Тие порачаа дека се револтирани од новите протоколи со кои се забранува гостување на ди-џеи и пејачи во угостителските објекти, при што можат да седат само четворица луѓе на една маса и се ограничува музиката во рестораните и кафулињата на 55 децибели.

Претставник на сопствениците на ноќните клубови, Горан Арсовски, рече дека треба да се изработат нови протоколи за нивниот сектор кој е сериозно погоден поради корона кризата и му се заканува финансиски колапс.

„Бараме состанок со надлежните за да предложиме мерки со кои нема да има опасност од ширење на коронавирусот, а со што ние ќе можеме да работиме и опстојуваме. Во првиот сет мерки бевме опфатени, но тоа беше само за платите на вработените. Но, бизнис што не работи, не може да има вработени. Како ќе ги задржиме на работа, кога немаме приходи, дојдени сме до финансиски колапс. Затоа ние имаме предлог со протокли кои можат да ги спроведат клубовите, а тоа се мерење на температура на влез, електронско продавање на карти, поставување на сигурни вентилации, дистанца на маси и задолжителна дезинфекција“ рече Арсовски.

Од музчката фела најавија дека ќе има нов помасовен протест доколку нивните барања не бидат прифатени.

„Бараме специјални протоколи за одржување на свадби и музички настани. Ако не не прими премиерот Заев во рок од два дена на 11 октомври ќе имаме уште еден протест. Тогаш ќе има и од сите градови од Македонија. Ќе излеземе со сите наши музички инструменти и ќе кренеме врева и глас. Мора да се избориме за ова и ние имаме деца за хранење – изјави Даниел Сидовски, претставник на музичарите и свадбените работници.

Соодветни протокли од денешниот протест побараа и рестораните што организираат свадбени веселби. Тие порачаа дека не бараат печалба среде кризата, туку основна егизистенција. Како што истакнаа организаторите на протестот, од пандемијата со коронавирсот загрозени се над 20.000 работници.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија