Утрински Весник
Македонија

Музика во живо за време на пандемија, полицијата растурила забава во валандовско

Музика во живо за време на пандемија, полицијата растурила забава во валандовско

Кривична пријава за лица од валандовско кои ги прекршиле здравствените протоколи за време на пандемија и во угостителски објект организирале забава и музика во живо, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од таму додаваат дека СВР Струмица поднело кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Валандово и А.Б.(43) од с.Балинци, валандовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 01.08.2020 во 22.00 часот, полициски службеници извршиле контрола во угостителскиот објект, сопственост на А.Б., при што било констатирано дека на повеќе маси биле присутни повеќе лица, а бил организиран и музички настан со музика во живо, со што било постапено спротивно на протоколот за отворање и работа на угостителски објекти, известуваат од МВР.

Можете да прочитате

Македонија обоена за донирањето органи

Велешанка тешко повредена по пад од мотор

Манасиевски: Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев сметајќи дека така ќе дојде на власт