Утрински Весник
Македонија

МТСП: Пунктовите за бездомни лица функционираат, се делат и заштитни маски и средства за дезинфекција за бездомниците

МТСП: Отсуството од работа ќе се докажува со потврда од градинка или училиште
Dik 300x250 mk

Скопје, 15 март 2020 (МИА) – Четирите прифатни пунктови за бездомни лица, отворени во соработка со Црвен крст, се функционални и согласно препораките на Владата делат пакувана храна, маски и гелови за дезинфекција за бездомните лица, информира Министерството за труд и социјална политика.

Во функција се прифатните пунктови во Скопје, Битола, Струмица и Струга. Дополнително, соопштуваат од Министерството, во Скопје функционира и медицински пункт во Момин Поток, во организација на Црвен Крст. Хигиенски производи се дистрибуирани и на бездомните семејства сместени во Визбегово.

– Министерството преку центрите за социјална работа организира акција за набавка и дистрибуција на средства за дезинфекција и заштитни средства за семејствата кои живеат во субстандардни услови, наведуваат во соопштението. мс/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Препакувале и продавале марихуана и кокаин – Кривична пријава против двајца охриѓани

Како е поврзан Трипуновски со корупцискиот скандал, негова блиска соработничка е меѓу осомничените?

Сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози