Утрински Весник
Економија

МТСП: Паричен надоместок за прекин на работен однос согласно работниот стаж, преку Агенцијата за вработување

МТСП: Паричен надоместок за прекин на работен однос согласно работниот стаж, преку Агенцијата за вработување

Скопје, 7 април 2020 (МИА) – Министерството за труд и социјална политика информира дека граѓаните со прекин на работен однос, имаат право на паричен надоместок во висина од 50 отсто од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци. Право на паричен надоместок има невработено лице што било во работен однос најмалку 9 месеци непрекинато, или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци, пред престанокот на работниот однос.

Како што се наведува во соопштението од Министерството, надоместокот се исплатува согласно годините работен стаж. На пример, паричен надоместок се исплатува 1 месец, ако лицето има стаж на осигурување најмалку 9 месеци во непрекинато траење или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци. Ако лицето има стаж од 10 до 12,5 години, надоместокот се исплатува 6 месеци, а доколку има стаж над 25 години – 12 месеци.

-Висината на месечниот паричен надоместок за време на невработеност се утврдува врз основа на пресметаните и исплатени плати кај работодавачот и изнесува 50 отсто од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци за лице кое има право на паричен надоместок до 12 месеци. Паричниот надоместок не може да изнесува повеќе од 80 отсто од просечната месечна нето плата по работник во Републиката објавена за последниот месец, велат од Министерството.

Граѓаните што останале без работа поднесуваат барање во Центарот за вработување во местото на живеење, во рок од 30 дена од денот на престанокот на работниот однос.

Детални информации може да се најдат на страницата на Агенцијата за вработување. сст/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

И тие кои прават торти по нарачка и оние кои продаваат преку Фејсбук ќе мора да плаќаат данок

Митреска и Бојчева-Терзијан со предавање на Здружениот виенски институт: Комуникацијата на централната банка имаше важна улога во стабилизирањето на очекувањата

Петрова: Прво ребаланс на Буџетот, па исплата на средствата за „Мој ДДВ“