Утрински Весник
Македонија

МТСП: Ослободување од работа на хронично болните лица со потврда од лекар специјалист

МТСП: Отсуството од работа ќе се докажува со потврда од градинка или училиште

Скопје, 11 март 2020 (МИА) – Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека согласно заклучоците на Комисијата за заразни болести, следните категориите лица треба да бидат ослободени од работа и работни активности врз основа на приложена потврда од лекар специјалист за следните состојби – хронични респираторни заболувања, тешки кардиоваскуларни заболувања, дијабет ТИП 1, малигни заболувања, како и имуно-компромитирачки состојби.

Во наредните 14 дена ослободени од работа и работни активности се и бремените жени.

Министерството за труд и социјална политика ги повикува сите вработени и сите работодавачи строго да се придружуваат до мерките кои Владата на Република Северна Македонија ги донесе на седницата одржана вчера за превенција од ширење на болеста COVID-19 (коронавирус).сст/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

Жена настрадала по експлозија на бојлер во викендичка

Автомобил удрил во електричен тротинет, повредени 15 годишно момче