Утрински Весник
Македонија

МТСП: Да се ослободат од работа лицата со попреченост кои одат со придружба

МТСП: Да се ослободат од работа лицата со попреченост кои одат со придружба

Скопје, 31 март 2020 (МИА) – Сите државни органи и институции се задолжуваат, на единиците на локална самоуправа им се укажува, а на приватниот сектор му се препорачува вработените лица во овие институции и фирми кои на работа одат со придружба – потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со умерена и тешка интелектуална попреченост, да бидат ослободени од одење на работа и извршување на работни активности, информираат од Министерството за труд и социјална политика, повикувајќи се на заклучок што го донела Владата.

Заклучокот на Владата е донесен по барање на Министерството за труд и социјална политика поради потребата од заштита на лицата со попреченост кои одат со придружба, во услови на спроведување мерки за заштита и превенција од ширење на коронавирусот, со оглед на тоа што тие спаѓаат во групата на граѓани кои имаат поголем ризик за развој на потешки симптоми од КОВИД-19. сст/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

Жена настрадала по експлозија на бојлер во викендичка

Автомобил удрил во електричен тротинет, повредени 15 годишно момче