Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

МПС положи цвеќе на споменикот на загинатите полициски службеници во СВР Битола

МПС положи цвеќе на споменикот на загинатите полициски службеници во СВР Битола
Img 7972

Скопје, 7 март 2020 (МИА) – По повод Меѓународниот ден за сеќавање на сите загинати полициски службеници при вршење на службени задачи – 7 Март, денеска делегацијата на Македонскиот полициски синдикат (МПС) предводена од претседателот Марјан Кицев и генералниот секретар Киро Трајковски положија цвеќе на споменикот на загинатите полициски службеници во СВР Битола.

МПС ги повика сите релевантни фактори во државата да оддадат почит на полициските службеници кои ги загубиле своите животи при извршување на службените задачи.

-Како репрезентативен Синдикат во Министерството за внатрешни работи работиме на заштита на правата на нашите членови и сите вработени во Министерството. Во периодот кој што престои ќе се отпочне со изготвување на нов колективен договор во кој ние како синдикат ќе бараме да се зголемат и заштитат правата на нашите членови особено во делот на безбедност и здравје при работа, соопштува МПС.

Синдикатот, како што наведува во соопштение, издвоил значителна сума на средства од самата членарина за да секој од нивните членови биде дополнително осигуран 24 часа за несреќа при работа, а во чест на загинатите колеги низ целата година во нивните родни места организираат меморијални турнири.

Македонскиот полициски синдикат изрази и длабоко сочувство до семејствата на загинатите припадници на Македонската полиција кои своите животи ги положија при извршување на службените задачи.

-Нашите херои кои положувајќи го сопствениот живот носејќи ја полициската униформа, оставија вечна трага и свое место во историјата, но и во иднината на генерациите што доаѓаат. Генерации на кои им останува обврска да водат грижа за тие херои, никогаш не бидат заборавени, соопштува МПС. бт/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(ФОТО) Богојески повторно со навредлив коментар, овој пат кон новинарка и инфлуенсерка

Мицкоски: По изборите ресет на системот, да изградиме правна држава и непристрасно правосудство  

Во пиперки од Македонија откриена опасна супстанца