Утрински Весник
Македонија

МПС: Да се почитуваат мерките за заштита и превенција од коронавирусот

Дваесетгодишник од Делчево со украдена картичка подигал пари од банкомат

Скопје, 10 март 2020

Денеска по повод случувањата во нашата земја во врска со ширењето на корона вирусот  и одлуката на Владата на Република Северна Македонија донесена на  денешната 15-та редовна седница со која се преземаат низа  дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот,  раководството на Македонскиот полициски синдикат оствари  средба  со највисокото раководство на Министерството за внатрешни работи.

На средбата беше разговарано за актуелната состојба и за мерките кои Министерството за внатрешни работи ќе ги превзема во периодот кој што престои, со цел изнаоѓање на методи за подигнување на степенот на подготвеност за справување со ширењето на корона вирусот  и заштита од истиот помеѓу  вработените во Министерството за внатрешни работи на сите нивоа.

На средбата беше договорено, во текот на утршниот ден, Министерството за внатрешни работи до сите организациони единици да достави инструктивна телеграма со која јасно ќе се дефинира начинот на спроведување на препораката со која Владата наложува еден од родителите на децата до 10 години, да  бидат ослободени од обврската да ги извршуваат работните обврски, односно секој вработен во Министерството за внатрешни работи кој има  дете до 10 години ќе биде ослободен од работа и работни обврски во следните 14 дена. Доколку двајцата сопружници се вработени во државна институција вработениот во Министерството за внатрешни работи ќе треба да пополни соодветна изјава со која изјавува дека неговиот сопружник нема да го користи правото согласно препораката на Владата.

Понатаму е договорено да преку службите за општи и заеднички работи до сите организациони единици во Министерството за внатрешни работи  кои што при вршењето на редовните работни задачи се во директен контакт со странки, да им  бидат доставени заштитни маски, гумени ракавици чие носење ќе биде задолжително како и средства за дезинфекција.

Македонскиот полициски синдикат апелира до сите вработени во Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност и Управата за финансова полиција, во целост да ги следат и да ги почитуваат мерките на Министерството за здравство за заштита и превенција од коронавирусот.

На крајот сакаме уште еднаш да потенцираме дека Македонскиот полициски синдикат како единствен репреентативен синдикат будно ќе ги следи случувањата во периодот кој што престои и ќе превзема мерки и активности во насока на подобрувања на правата од областа на безбедност и заштита при работа за своите членови.

Македонски полициски синидикат

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Предлог законот за парничната постапка на собраниската Комисија за европски прашања

“МЕТЕОАЛАРМ” АКТУЕЛНА НАЈАВА: Натпросечно топло време, но и попладневна и вечерна нестабилност со пороен дожд и грмежи – Можно е локално невреме

Повторно активиран пожар во Расадник, делови од Кисела Вода без струја и вода