Утрински Весник
Спорт

„Мој дом, мое семејство, мој живот“ – Рејес останува во Реал

„Мој дом, мое семејство, мој живот“ – Рејес останува во Реал

Легендата на шпанската кошарка, Фелипе Рејес останува во редовите на Реал Мадрид најмалку уште една година.

Тој иако во март го прослави својот 40-ти роденден, сепак смета дека му е рано за „пензија“. Ќе игра за Реал уште најмалку една година и така ќе заокружи полни 17 години во Кралскиот клуб.

По потпишувањето на договорот испрати на Твитер:

„Мој дом, мое семејство, мож живот. Среќен сум“

Капитенот на Реал во клубот стигна во 2004 година од Естудијантес каде играше во првите 5 години од кариерата. Со Реал освои 20 трофеи, двапати беше на „покривот“ на Европа, во 2015 и во 2018 година.

Седумпати ја освојуваше АЦБ лигата, 6 пати беше освојувач на Купот на кралот, а има и 5 Суперкупа.

Рејес е рекордер во Евролигата по бројот на фатени топки.

> „Мој дом, мое семејство, мој живот“ – Рејес останува во Реал <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Србија го освои првото злато на Олимписките игри во Париз

Шерифовски поразен на турнирот во џудо

Египќанка во седмиот месец од бременоста победи во меч во мечување