Утрински Весник
Македонија

Мојсоски: Боите ги одредува ФФМ, незаконски е да се вметнува друга боја освен црвената и жолтата

Thumbnail 26032021 AMS Mojsovski pres konferencija

„Се знаат боите на сите репрезентации, има црвена и жолта боја, боите мора да се тие. Самата федерација ги одредува боите и незаконски е да се вметнува друга боја“ кажа Наумче Мојсоски, директорот на Агенцијата за млади и спорт во емисијата „Студио 10“ на ТВ24.

„Не е важно кој е претседател на ФФМ, важно е дека законот не се почитува. Во сите светски федерации тоа е уредено со Законот за спорт“ кажа Мојсоски.

Тој додаде дека реакциите во јавноста биле доволно јасен показател за тоа што публиката сака.

„Се покажа дека дресот не поминува и не е лице на македонската репрезентација, па по реакциите на јавноста дресот се промени“ заклучи Мојсоски.

Можете да прочитате

„Летал“ со 178 км/ч: пресретнувач го запре возачот на патот Штип–Радовиш

Мицкоски дециден: Уставни измени под уцена нема да има, заврши времето на политички марионети

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот