Утрински Весник
Спорт

Мохамед Бен Сулајем е новиот претседател на ФИА

Мохамед Бен Сулајем е новиот претседател на ФИА
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Жан Тод по 12 години ја напушти претседателската функција во ФИА. Попладнево за нов претседател на ФИА е избран поранешниот рели возач од Обединетите Арапски Емирати, Мохамед Бен Сулајем.

Бен Сулајем во гласањето го победи Грем Стоукер. Поранешниот рели возач добил речиси 60 отсто од гласовите.

Мохамед Бен Сулајем, беше првиот член на спортскиот совет на ФИА од арапскиот свет. Ист така бил и потпретседател на ФИА задолжен за спорт. Еден е од најзаслужните што од 2009 година се вози Големата награда на Абу Даби.

Бен Сулајем ќе биде првиот неевропски претседател на ФИА.

„Намерата ми е младите возачи да имаат подобри и помалку скапи услови за развој. Не можете само да ја повторувате работата на претходникот. Така не може да се функционира. Предизвиците се поинакви. Перспективата се менува, но тоа нема да ме одвои од мојата главна цел“, рекол Бен Сулајем.

Во кариерата од 1998 до 1995 година, Бен Сулајем возел во Светското рели првенство за Форд и Тојота.

> Мохамед Бен Сулајем е новиот претседател на ФИА <

Можете да прочитате

Роналдо не гласаше за најдобар играч на сезоната на ФИФА

Њујорк го победи Сан Антонио во финалето на НБА Купот

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер