Утрински Весник
Македонија

МОСТ: Полицијата интервенирала во Кичевско каде гласач го фотографирал ливчето

Пријави до МВР: Агитирање, нудење пари и организирано носење луѓе на гласање

Набљудувачите на МОСТ информираат дека на гласачкото место 0755, село Осој, општина Кичево, гласач го фотографирал гласачкото ливче и го ставил во гласачката кутија. По ова била повикана полиција, фотографиите биле избришани, полицијата направила записник, а лицето било приведено на информативен разговор.

На прес конференцијата МОСТ ги објави податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите по изборни единици е следниот:

Во изборната единица 1 – до 15 часот, одзивот е 35,93, до 16 часот – 39,29, до 17 часот – 42,31, до 18 часот – 45,13 отсто, додека во ИЕ 2 – до 15 часот – 31,78, до 16 часот – 34,88, до 17 часот – 37,88, до 18 часот – 41,06 осто.

Во тројката до 15 часот одзивот е 37,27, до 16 часот – 40,45, до 17 часот – 43,95, а до 18 часот – 47,64 отсто.

Во останатите изборни единици: ИЕ 4 – до 15 часот – 37,87, до 16 часот – 41,71, до 17 часот – 45,83, до 18 часот – 50,25 отсто, во ИЕ 5 – до 15 часот – 33,10, до 16 часот – 36,44, до 17 часот – 39,56, до 18 часот – 42,70 осто а во шестката до 15 часот – 24,78, до 16 часот – 28,23, до 17 часот – 31,19, до 18 часот – 33,97 отсто.

На претходните прес конференции МОСТ објави дека нивните набљудувачи не забележале неправилности во гласањето. Терминот на последната прес-конференција на која ќе бидат соопштени резултатите од ПВТ програмата за одѕивот и распределбата на гласовите дополнително ќе биде објавен.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Скијачки центар Михајлово се отвора в среда, најавен и превоз од Кавадарци 

Забрчанец: Во 2025 на агенда е справување со конфликтите и со загубите на човековите права

Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови