Утрински Весник
Македонија

МОСТ организира панел дискусија за штетното влијание на дезинформациите

МОСТ организира панел дискусија за штетното влијание на дезинформациите

Скопје, 6 март 2020 (МИА) – Граѓанската асоцијација МОСТ денеска организира панел дискусија на тема „Штетното влијание на дезинформациите“.

Целта е да се дискутираат различните аспекти на дезинформациите и нивното влијание на социјалните мрежи, како и недоволната свесност кај граѓаните за моќта на социјалните мрежи и штетното странско влијание.

Дикусијата се организира во рамки на проектот „Борба со лажни наративи“ и таа треба да придонесе кон зголемување на свесноста за ова прашање и отворање на дебата за тоа како да се изгради отпорност кон дезинформациите.

Настанот, како што е најавено, ќе го отворат претседателот Стево Пендаровски и американската амбасадорка Кејт Брнс. Најавено е учество на претставници од граѓанскиот сектор, институциите и академската заедница. бак/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сончево и топло, до 25 степени

АПЕЛИРАМЕ НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

СИРИЗА ја осудува провокативната најава од Мицкоски за прекршување на Договорот од Преспа