Утрински Весник
Свет

Москва соодветно ќе одговори на неправедниот третман на руските медиуми

Москва соодветно ќе одговори на неправедниот третман на руските медиуми

Москва ќе преземе реципрочни и соодветни мерки ако руските репортери во странство бидат неправедно таргетирани, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова во интервју за Руската Телевизија.

„Ние ги браневме нашите новинари во Германија, застанувајќи во одбрана на нивните права во нормален дијалог со германското Министерство за надворешни работи и нашите партнери. Објаснивме дека за нашите новинари се применуваат двојни аршини, нефер одлуки итн. И тогаш бевме слушнати“, рече таа.

„Но ако видиме дека одлуките против нашите репортери се нефер и се политички мотивирани, а германските партнери не се среќаваат со нас на половина пат и не преземаат никакви чекори за нормализирање на проблемот, тогаш ќе дејствуваме реципрочно“ додаде таа.

Во март 2021 година, германската „Комерцбанк“ одлучи да ги затвори сметките на РТ и „Раптли“ по 31 мај. Медиумите апелираа до другите големи германски и меѓународни банки, како и до регионалните финансиски институции, но сите одбија да склучат какви било договори со нив.

Можете да прочитате

Тројно убиство: Словак се предаде во Линц, едно тело пронајдено во фрижидер

Белгиските власти приведоа двајца израелски војници по пријава за „сериозни воени злосторства“ во Газа

Арагчи: Иран ќе ја продолжи програмата за збогатување со ураниум