Утрински Весник
Свет

Москва: Преговорите со Украина значајно не напредуваа

Москва: Преговорите со Украина значајно не напредуваа

Русија не забележала ништо што би можело да влее надеж дека конечното решение на конфликтот во Украина ќе дојде наскоро, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, осврнувајќи се на вчерашните преговори во Истанбул.

Кремљ денеска го поздрави фактот што Киев писмено ги изјави своите барања за прекин на конфликтот во Украина, но оцени и дека решението се уште не е на повидок, јавува „Ројтерс“.

Игор Жовква, заменик началникот на кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека вчерашните преговори напредувале и дека руската страна во Истанбул првпат ја слушнала украинската позиција, наместо ултиматуми и црвени линии, пренесе Би-Би-Си.

Во Истанбул вчера се одржа четвртата рунда преговори меѓу Русија и Украина.

Можете да прочитате

Џјинпинг: Односите меѓу Кина и Русија се „непоколебливи“

Во ЕУ постигнат прелиминарен договор по однос трговските односи со САД

Интензивни напади со дронови врз Одеса, Зеленски одобрил јунски оперативен план за напади врз руски цели