Утрински Весник
Свет

Москва воведе санкции за 39 Британци поради „демонизирање на Русија“

Dik 300x250 mk

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека воведува санкции против 39 функционери, бизнисмени и новинари од Велика Британија и им забранува влез во Русија, бидејќи ја поддржуваат „демонизацијата“ и меѓународната изолација на Моква.

dobivaj vesti na viber

На списокот, меѓу другите, се и лидерот на опозициската Лабуристичка партија, Кир Стармер и поранешниот премиер Дејвид Камерон, пренесува Ројтерс.

– Со оглед на деструктивната желба на Лондон да го задржи замаецот на санкциите под бесмислени и апсурдни изговори, ќе продолжи работата на проширување на руската стоп-листа – се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација.

Можете да прочитате

Нигерија ја прифати американската помош против бунтовниците

Мадуро бара ракет, Кремљ: Внимателно ја следиме ситуацијата во Венецуела

Пет германски туристи загинале во лавина на Алпите