Утрински Весник
Спорт

Морезмо: Ѓоковиќ може да игра на Ролан Гарос… Засега…

Морезмо: Ѓоковиќ може да игра на Ролан Гарос… Засега…
Dik 300x250 mk

Новак Ѓоковиќ ќе може да ја брани титулата од Франција опен во Париз оваа година, според сегашните услови, потврди новата директорка на Ролан Гарос, Амели Морезмо.

На Ѓоковиќ не му беше дозволено да влезе во Австралија за да ја брани титулата од гренд слемот во Мелбурн поради тоа што не е вакциниран против КОВИД, а Србинот потоа призна дека нема да попушти дури и тоа да значи пропуштање на гренд слем турнирите, став поради кој не игра на Мастерс турнирите во Индијан Велс и Мајами.

Но, откако оваа недела во Франција беа тргнати повеќето ограничувања поради коронавирусот, Морезмо призна дека нема пречки тој да настапи на Ролан Гарос, кој стартува на 22 мај.

„Засега, како што стојат работите, ништо не му пречи на Ѓоковиќ да игра на Ролан Гарос“, призна Морезмо за француските медиуми.

Сепак, претседателот на Француската тениска федерација (ФФТ), Жил Моретон, потврди дека ситуациојата може да се смени.

„Вирусот уште е тука и мораме да бидеме внимателнни. Ако владата донесе нови мерки, и тенисот ќе биде вклучен во нив“, вели Моретон.

> Морезмо: Ѓоковиќ може да игра на Ролан Гарос… Засега… <

Можете да прочитате

Со натпревари во Куманово и во Струга стартува 13.то коло во ПФЛ

Мусети спаси меч-топка за финале против Ѓоковиќ во Атина

Јамал, Дембеле и Салах номинирани за наградата „Најдобар“ на ФИФА