Утрински Весник
Магазин

Мора да ја спасиме нашата планета, апелира Били Ајлиш во пресрет на самитот за климата

Мора да ја спасиме нашата планета, апелира Били Ајлиш во пресрет на самитот за климата
Dik 300x250 mk

Музичката ѕвезда Били Ајлиш ги здружи силите со научниците од групата Arctic Basecamp во вторникот, повикувајќи ги светските лидери да преземат итна акција на климатскиот самит на Обединетите нации – COP26 следната недела.

Пејачката сними видео-порака, со актерот Рејн Вилсон од The Office, истражувачот Левисон Вуд и Роберт Ирвин, син на починатиот австралиски конзерватор Стив Ирвин, кои исто така го позајмија својот глас за проектот во соработка со британскиот Универзитет во Екситер.

Глобалниот самит за климата, чиј домаќин е британскиот премиер Борис Џонсон, започнува во Глазгов на 31 октомври.

„Оваа година нашите лидери одлучуваат за глобалните активности потребни за климатската вонредна состојба во животната средина во критична деценија за нашата планета“, вели Ајлиш.

„Мораме да застанеме заедно и да зборуваме за да ја спасиме нашата планета, не само за нас, туку и за идните генерации. Потребна е итна акција, треба да работиме заедно како еден.“

Можете да прочитате

Скандал во Велес: Цеца го прегрна бугарското знаме!

Темните фармерки нема да избледат ако ја додадете оваа состојка во машината за перење

Малезискиот корона-град на духови полека заживува