Мадрид, 19 април 2020 (МИА) – Напаѓачот на Атлетико (Мадрид), Алваро Мората ги разочара навивачите на Реал Мадрид, велејќи дека жали што носел дресови на другите шпански клубови во неговата кариера. Шпанецот има престој во „Сантијаго Бернабеу“, а како тинејџер исто така помина извесно време во Хетафе.
– Кога бев дете, играв во Атлетико. Во детството чувствував притисок од тоа како се менува фудбалот. Затоа решив да одам во Хетафе за една сезона, а потоа во Реал. Жал ми е што носев други дресови во Шпанија, освен тој на Атлетико, рече Мората за време на „лајв“ на Инстаграм.
Напаѓачот во моментов е во сопственост на англиски Челси. Тој веќе 18 месеци игра во Атлетико, а трансферот се случи во јануари 2019 година.
Мората е дете на гигантот од Мадрид.