Утрински Весник
Македонија

МОН преку нова интернет страница ќе информира за реформите во основното образование

МОН преку нова интернет страница ќе информира за реформите во основното образование

Министерството за образование и наука отвори нова информативна интернет-страница на која може да се обезбедат исклучиво податоци поврзани со реформите кои се креираат и имплементираат во основното образование.

Како што информираат од ресорното министерство, на страницата www.osnovnoobrazovanie.mon.gov.mk, граѓаните може да се информираат за сите тековни и идни активности кои МОН и другите надлежни институции во областа на образованието ги спроведуваат, односно планираат, со цел модернизација на базата на образовниот систем во државата и, како што се вели, фаќање чекор со стандардите за квалитет кои ги наложуваат земјите од развиениот свет.

„Интернет-страницата содржи појаснување на содржината на планот за реформа на основното образование, а јавно се објавени сите документи поврзани со промените, како Концепцијата за основно образование, новите наставни програми и националните стандарди врз основа на кои се изработени, но и постојната и законската регулатива која е во фаза на подготовка или веќе се наоѓа во собраниска процедура на усвојување“, посочуваат од МОН.

Можете да прочитате

Бојчевиќ: Исказот на Јовановски е манипулација за избегнување одговорност, судењето продолжува со изведување докази

Уапсен гостиварец, возел во спротивна насока на автопатот Скопје- Велес

Мајката на Ивана сведочеше: Стојанче ја нападнал ќерка ми и во болница, каде што била хоспитализирана, пред очите на внуката Катја