Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

МОН: За еден ден на платформата за учење на далечина 
се пријавиле над 88 илјади корисници

МОН: За еден ден на платформата за учење на далечина 
се пријавиле над 88 илјади корисници
Img 7972

„Како што беше најавено во текот на вчерашниот ден, кога започнавме со тестирање на Националната платформа за учење на далечина, овој процес е во тек и ќе продолжи интензивно да се одвива и во наредните денови“, соопшти Министерството за образование и наука.

Само во текот на вчерашниот ден, на Платформата се најавиле над 88 000 активни корисници.

„Истите придонесоа за успешно идентификување и дефинирање на предизвиците кои произлегуваат од оптоварување на Платформата во оваа фаза на нејзина имплементација. Резултатите од тестирањето на терен се целосно сондирани, и е започната оптимизација на ресурсите во сите три кластери на сервери (Серверите за базите со податоци (database servers); серверите за балансирање на оптоварување (load balancer) и серверите за опслужување на корисниците (web servers)).

Тестирањето продолжува и во текот на денешниот ден. Како резултат на истото, посочуваме дека е возможно повремено да добивате порака за грешка при поврзување со базата (error database connection), што е очекувано во предметната фаза на тестирање“, се наведува во соопштението.

Според МОН, овој процес ќе помогне не само за успешно ставање на Платформата во функција, туку и ќе поддржи изградба на интероперабилност помеѓу различните системи во рамки на Министерството за образование и наука, во насока на ефективно следење на секој ученик во текот на целокупниот процес на негово образование.

„Нашата крајна цел е не само да овозможиме континуитет на образовниот процес во вонредни околности, како што е тековниот со пандемијата со Ковид-19, туку да создадеме солидни темели за понатамошно унапредување на квалитетот на целокупниот образовен процес во земјата. Ве охрабруваме да продолжите со поврзување на Националната платформа за учење на далечина и во наредните денови, и редовно да ги следите новите содржини кои ги поставуваме на главната страница ). Продолжуваме посветено да работиме на подобрување на корисничкото искуство на сите корисници на Платформата“, додаваат од МОН.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мицкоски ги повика кумановци да гласаат за Максим Димитриевски

37 обвинети, 33 адвокати и 250 оштетени судењето за „Пулс“ ќе биде правен маратон

Забрчанец: Дали Мицкоски се правда или бара мандат кој ќе трае со децении?