Утрински Весник
Македонија

МОН го објави Конкурсот за запишување во средно образование во 2020/2021

МОН го објави Конкурсот за запишување во средно образование во 2020/2021
Img 5587

Скопје, 27 март 2020 (МИА) – Министерството за образование и наука денеска го објави Конкурсот за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта во учебната 2020/2021 за настава во гимназиско, стручно, уметничко и за средно образование за ученици со посебни образовни потреби.

Првото пријавување и запишување на учениците е на 16 и 17 јуни 2020, а ранг-листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 18 јуни 2020 година. Второто пријавување и запишување е на 24 и 25 јуни и резултатите и слободните места ќе бидат објавeни на 26 јуни, а третото пријавување ќе биде на 29 јуни и наредниот ден треба да бидат објавени резултатите.

300x250 (7)

Учениците кои ќе бидат упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места по јунскиот рок, на 24 август 2020 година, за што ќе треба да достават доказна документација.

Податоци за критериумите за упис и потребните документи се содржани во Конкурсот, кој е  поставен на веб-страницата на Министерството за образование наука.

Министерот Арбер Адеми вчера во ТВ-гостување соопшти дека нема простор за загриженост за уписите во средното образвание, бидејќи тие се реализираат на крајот на јуни, а ако има потреба поради околностите, роковите може дополнително да се коригираат. хс/сп/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Мицкоски и ДПМНЕ играат опасна игра која ќе стави крај на европската, но и демократската перспектива на земјата

Скандалозна порака на владиката Петар: Внимавајте за кого ќе гласате

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски дома (фото)