Утрински Весник
Македонија

МОН: Во тек се тестирањата на националната платформа за онлајн настава

МОН: Во тек се тестирањата на националната платформа за онлајн настава

Во тек се тестирањата на платформата, се работи на нејзина оптимизација, велат од Министерството за образование и наука по реакциите во јавноста дека платформата не функционира и дека учениците и наставниците не можат да се логираат.

„Министерството за образование и наука, информира дека течат тестирањата на единствената Национална платформа преку којашто ќе се одвива наставата од далечина од први октомври годинава. Тестирањето е дел од постапката за постигнување на целосна функционалност на платформата, и во тест фазата се детектираат и надминуваат сите предизвици“, соопштија од Министерството.

Со цел да се обезбеди потполно функционална платформа до почетокот на учебната година, велат од МОН, тестирањата ќе продолжат и во наредните денови.

Исто така, Министерството за образование и наука информира дека во моментов се прават сите подготовки, тестирања и оптимизации на платформата.

Учениците викендов добија лозинки и упатства како да пристапат до платформата, а денеска требаше да одржат пробен час.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СДСМ: ОЈО веднаш да отвори предмет за Гувернерот и двајца Вицегувернери на НБМ

Тошковски: Новата систематизација во МВР ќе ја намали раководната структура за над 30 проценти

Милановиќ: Членството во ЕУ е „декорација“, Македонија е држава, а тоа е најмногу што може да се има