Утрински Весник
Свет

Монголија воведе карантин поради бубонска чума, заразените јаделе месо од дабар

Монголија воведе карантин поради бубонска чума, заразените јаделе месо од дабар

Властите во Монголија воведоа карантин во провинцијата Ковд, бидејќи кај двајца млади е регистрирана бубонска чума. Млад човек и девојче биле примени во болница пред неколку дена со тешка клиничка слика.

Се претпоставува дека јаделе месо од дабар, кое не било добро печено и дека на тој начин се заразиле. Младиот човек развил сериозни симптоми во белите дробови, додека девојчето е во критична состојба.

Тие биле хоспитализирани на 28 јуни, а карантинот е воведен еден ден подоцна. Тие, наводно, биле во контакт со најмалку 60 лица.

Ако не се лекува бубоновата чума предизвикува смрт на две третини од сите пациенти во рок од два до шест дена од почетокот на симптомите.

 

Текстот Монголија воведе карантин поради бубонска чума, заразените јаделе месо од дабар е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Германски град препорача евакуација поради голем пожар во Белгија

Над 700 камиони со хуманитарна помош влегоа во Авганистан од Пакистан

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег