Утрински Весник
Свет

Момче ја застрелало неговата сестра со пиштол во САД, девојчето починало на лице место

Момче ја застрелало неговата сестра со пиштол во САД, девојчето починало на лице место

Четиригодишно девојче загина во САД откако во неа пукал со пиштол нејзиниот двегодишен брат. Нивниот татко ја плаќал сметката за гориво на бензинската пумпа.

Трагичната несреќа се случила во американскиот град Честер, Пенсилванија.

Имено, момчето си играло во автомобилот со пиштолот на татко му, кој случајно испукал и ја погодил неговата сестра. Нивниот татко во тој момент бил во продавницата. Штом го слушнал истрелот веднаш истрчал надвор и го однел девојчето во болница, но таму можеле само да констатираат смрт.

Таткото легално го поседувал пиштолот, полицијата се уште се обидува да открие како момчето стигнало до него во возилото. Адвокатот на округот Делавер, Џек Столштајмер, кажал дека сè уште не поднеле обвинение бидејќи истрагата се уште е во тек.

„Кој го повлече чкрапалото и зошто пиштолот воопшто му беше достапен? Ова се прашања на кои треба да добиеме одговори“, рече Столштајмер.

Можете да прочитате

Заврши видео-средбата на европските лидери со Зеленски и со Трамп

Израел го бомбардираше градот Газа, над 120 загинати

Скандал во Полска: Пари од ЕУ завршиле во свингерски клубови и на јахти