Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Момчето кое вчера беше прегазено на „Партизанска“ е отпуштено од болница, возачот се’ уште е во полиција

Момчето кое вчера беше прегазено на „Партизанска“ е отпуштено од болница, возачот се’ уште е во полиција
Img 7972

Возачот на возраст од 22-години кој управуваше со автомобилот „цитроен“, и натаму се наоѓа во полициска станица, каде е спроведен по увидот.

Вториот пешак кој беше повреден, а беше придружник на загинатата 24-годишна девојка има набиеници и е пуштен на домашно лекување по приемот во градската болница св. „Наум Охридски“.  Тој е во лоша психичка состојба и со лесни телесни повреди.

„Синоќа, кога бил донесен во болница му се направени сите испитувања. Нема тешки повреди, има набиеница во пределот на карлицата. Бил и видно вознемирен, што е последица на тоа што бил сведок на еден таков немил настан. Пуштен е на домашно лекување“, вели Љубен Арсенков, директоротна болницата, „Св Наум Охридски“ за „Макфакс“.

Телото на трагично загинатата радовишанка е предадено на обдукција. Случајот е во рацете на јавен обвинител во скопското обвинителство, каде ќе се истражува како точно дошло до сообраќајната несреќа.

Според информации на „Макфакс“, се чека одлука на јавниот обвинител кој ја води истрагата, да каже дали ќе побара одредување на мерка притвор за возачот. Земени му се крв и урина, за да се утврди неговата состојба во моментот кога управувал со возилото. Во полициска станица може да се задржи 24 часа односно до вечерва, а доколку не биде побаран притвор, ќе биде пуштен дома.

Сообраќајната несреќа се случи вчеравечер по 19 часот. Во двајцата пешаци удри автомобил „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 22-годишен возач. Според првичните неофицијални информации од сведоци до кои дојде „Макфакс“, возачот излегол од една лента и влегол во средната лента на булеварот „Партизански одреди“, по што со голема брзина удрил во двајцата пешаци. Предната страна од автомобилот е искршена, заедно со стаклото кај совозачката страна.

Можете да прочитате

Оставен сомнителен куфер го испразни главниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ и околните објекти

Тешка сообраќајка на патот Штип–Кочани: Едно лице загина, петмина повредени

Министерот Тошковски на отворањето на Adria Security Summit 2025: Безбедноста е темел на довербата, развојот и квалитетот на живот