Утрински Весник
Свет

Молдавија ја продолжи вонредната состојба за 60 дена поради инвазијата на Украина

Парламентот на Молдавија гласаше за продолжување на вонредната состојба за уште 60 дена, откако на владата рече дека сè уште и се потребни посебни овластувања за да се справи со последиците од руската инвазија на Украина.

dobivaj vesti na viber

Обраќајќи им се на пратениците, кои гласаа за продолжување на вонредната состојба во четвртокот, молдавската премиерка Наталија Гаврилица рече дека постојат континуирани ризици за енергетската и граничната безбедност и укажа на потребата да се управува со протокот на бегалци од Украина.

– Ризиците за Молдавија поради војната во Украина сè уште се високи. На Владата ѝ се потребни дополнителни овластувања – се наведува во истражувањето на Молдавија.

Продолжувањето на вонредната состојба ќе стапи на сила на 8 август, пренесува „Ројтерс“.

Околу 500.000 бегалци ја преминаа границата откако Русија ја нападна Украина, од кои повеќе од 100.000 останаа во Молдавија, која има околу 2,6 милиони луѓе.

Парламентот на Модлавија прво гласаше за воведување привремена вонредна состојба веднаш по рускиот напад врз Украина и ја продолжи мерката во април и јуни

Можете да прочитате

Британија лансираше монети во чест на бендот „Ајрон Мејден“

Трамп: Царините ќе важат од 1 август, продолжување нема

Макрон: Европа никогаш нема да ја напушти Украина