Утрински Весник
Свет

Молдавија: Блиску сме до максимумот кога се во прашање бегалците

Молдавија: Блиску сме до максимумот кога се во прашање бегалците

Молдавскиот министер за надворешни работи Нику Попеску рече дека неговата земја се приближува до својот максимум во однос на нејзината способност да обезбеди засолниште за оние кои бегаат од конфликтот во Украина.

Бројот на бегалци кои престојуваат во Молдавија е околу 100.000, што претставува зголемување од 4 отсто во националното население и е еквивалентно на 2,5 милиони бегалци кои пристигнуваат во Британија за две недели, јавува Би-Би-Си.

Попеску ги наведе тешкотиите со финансиите, безбедноста, здравствената заштита и образованието како најголеми проблеми.

Можете да прочитате

Унгарски министер со години споделувал доверливи информации од ЕУ со Русија

Дали Јапонија ќе испрати воени бродови во Персискиот залив?

Либанскиот претседател ги осуди нападите врз земјата, стравува од инвазија