Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Можно ново зајакување на мерките за превенција од ширење на коронавирусот, најави Филипче

Филипче: Не може со сигурност да се предвиди со која динамика и како ќе се шири коронавирусот
300x250 opst2

Скопје, 5 април 2020 (МИА) – Очигледно е дека влеговме во втората фаза на пандемијата со коронавирусот. Бројот на заболени во деновите пред нас дополнително ќе расте. Се уште остануваат прогнозите пикот на болеста да биде на крајот на месецов и очекуваме 2.000 пациенти, иако многу фактори влијаат на овие предвидувања, истакна на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Најави дека утре ќе имаат дополнителна дискусија во рамки на Комисијата за заразни болести и можно е до Владата да предложат и зајакнување на мерките за превенција од понатамошно ширење на вирусот.

Тој апелираше граѓаните максимално да ги почитуваат мерките, физичките контакти да ги сведат на минимум и да се штитат од секоја ризична комуникација или движење.

– Еден од главните проблеми е што има асимптоматски носители на вирусот, а ширењето на овој начин од овие носители може да се спречи само со седење дома, односно со изолација, додаде Филипче. рп/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Масовно излезете на 19 октомври, да ја зачуваме Македонија како дом за сите

Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

Филипче од Валандово: СДСМ е движење на храбрите кои ја сакаат својата земја