Утрински Весник
Економија

Можна вонредна ситуација во Украина, Русија без најава го зголеми притисокот во гасоводот

Dik 300x250 mk

Рускиот енергетски гигант Газпром ненадејно, без претходна најава, го зголеми притисокот во гасоводот што испорачува руски гас во Европа, соопшти денеска украинскиот државен гасовод.

dobivaj vesti na viber

Како што предупреди украинската компанија, ваквото зголемување на притисокот е опасно бидејќи може да предизвика вонредни ситуации, вклучително и пукање на гасоводи, а операторите на гасоводот се обврзани однапред да се известат меѓусебно.

„Газпром“ не беше достапен за коментар, пренесува „Ројтерс“.

Русија продолжи да пумпа гас низ Украина иако двете земји се во војна. Газпром вчера објави дека неговата испорака на гас во Европа преку Украина изнесува 41,7 милиони кубни метри, во споредба со 41,2 милиони кубни метри претходниот ден.

„Газпром“, повикувајќи се на наредбата на надзорната агенција, објави дека протокот на гас за Германија преку „Северен тек 1“, кој ја заобиколува Украина, од утре ќе се намали на 33 милиони кубни метри дневно.

Ова е половина од вообичаениот проток на гас, што е веќе само 40 отсто од стандардниот капацитет.

Можете да прочитате

Божиновска: Зависноста од еден извор е ризик од минатото

Од домашно прозводство покриена 93.2 % од потрошувачката на струја во август

„БИЗНИС ЛИДЕР“ ГИ НАГРАДИ ТИТАНИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА: ВТОРО ИЗДАНИЕ НА НАЈПРЕСТИЖНИОТ БИЗНИС НАСТАН