Утрински Весник
Спорт

Модриќ го продолжи договорот со Реал

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ ќе го продолжи договорот со европскиот првак Реал Мадрид на дополнителна сезона, до 30 јуни 2023 година, изјави во средата за „Хина“, претставник на клубот.

Модриќ има 36 години и во наредната сезона тој ќе биде највозрасен во тимот на Реал.

„Тоа ќе биде приватен настан, тој ќе дојде да го потпише договорот и веднаш да се врати со приватен авион на собирот на репрезентацијата“, изјавил клупски функционер.

Реал Мадрид нема да организира прес-конференција, туку само ќе излезе со соопштение.

Модриќ за Реал Мадрид настапува од август 2012 година кога дојде од лондонски Тотенхем.
Тој има освоено 20 трофеи со Реал Мадрид, од кои пет се во Лигата на шампионите. Пред два дена Модриќ го одигра 150.натпревар за Хрватската репрезентација.

> Модриќ го продолжи договорот со Реал <

Можете да прочитате

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката

Шкендија и Вардар ремизираа – 24info.mk