Утрински Весник
Свет

„Модерна“ ја откажа испораката на вакцини во Полска

„Модерна“ ја откажа испораката на вакцини во Полска

„Модерна“ ја откажа испораката на вакцини против коронавирусот во Полска закажана за утре, изјави советникот на полскиот премиер Михал Дворчик, додавајќи дека испораката може да пристигне најрано за време на викендот.

„За жал, утрешната испорака на вакцините на ’Модерна’ е откажана. Ние ќе го смениме распоредот за вакцинација ако е потребно“, рече Дворчик на прес-конференција, објави „Ројтерс“.

Полска прими вакцини против коронавирус во рамките на шемата за набавки на Европската Унија.

Според локалните медиуми, таа нарачала вакцини надвор од договорот со ЕУ. Полска досега вакцинираше над 700.000 лица, претежно медицински работници и стари лица.

Варшава планира да вакцинира три милиони луѓе во првиот квартал на 2021 година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење