Утрински Весник
Свет

„Модерна “доби дозвола од ФДА да ја зголеми дозата во шишињата со вакцина

„Модерна “доби дозвола од ФДА да ја зголеми дозата во шишињата со вакцина

Администрацијата за храна и лекови на САД одобри две измени во вакцината на „Модерна“ за Kовид-19, што може да обезбеди побрзо производство и имунизација на населението во САД.

ФДА објави дека се одобрени нови шишиња од вакцината на „Модерна“ кои можат да содржат до 15 дози во споредба со претходните оригинални шишиња, дизајнирани да содржат 10 дози, објавуваат американските медиуми.

Покрај тоа, регулаторот на САД потврди дека до 11 дози можат безбедно да се користат од постојните пакувања на шишенца од 10 дози и предупреди дека без соодветни шприцеви и игли можеби нема да може да се извлечат повеќе од 13 дози од шишињата и овие промени ќе бидат додадени на упатствата на ФДА за здравствените работници, соопшти агенцијата.

Медиумите пренесуваат дека „Модерна“ најавила дека планира да започне со испорака на новите шишиња со 15 дози во наредните недели, и дека истовремено нејзината вакцина ќе биде доставена во шишиња што содржат 11 или 15 дози.

Овие измени, потврдени од ФДА, треба да помогнат во зголемувањето на расположливите резерви и да се забрза вакцинацијата, бидејќи претседателот Џо Бајден вети дека ќе обезбеди доволно дози за да ги имунизира сите возрасни во САД до крајот на мај и неодамна постави нова цел од 200 милиони вакцини во првите 100 дена од неговата администрација.

Покрај вакцината „Модерна“, во моментов „Фајзер“ и „Бионтек“ и „Џонсон и Џонсон“ се одобрени за употреба во САД, а водечкиот американски стручњак за инфективни болести Ентони Фаучи за Ројтерс изјави дека на земјата можеби не и е потребна вакцината на „Астра зенека“ против Ковид-19 дури и ако добие одобрение од ФДА.

Можете да прочитате

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен

Сибирски студ во Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата

Руската армија незапирливо напредува: паднаа уште две важни места на рутата Донецк