Утрински Весник
Македонија

МНР: Учеството во која било странска војска е кривично дело

МНР: Учеството во која било странска војска е кривично дело

Министерството за надворешни работи предупредува дека учеството во било која странска војска е кривиќно дело.

„ Како земја пријател на Украина, имаме разбирање за сложената состојба во која се наоѓа Украина и која ги става во посебна состојба украинските власти да повикуваат за секаков вид помош, во сите пријателски земји, вклучувајќи и придружба, и/или доброволци кои би се приклучиле на украинската армија во одбраната од воената закана која доаѓа од руските воени сили.

Сепак, Министерството за надворешни работи ги потсетува граѓаните на Северна Македонија дека учеството во било која странска војска, со законските прописи, поточно со Кривичниот законик на земјава, е кривично дело.

Воедно сакаме да потсетиме дека Република Северна Македонија во целост ја осудува воената агресија на Русија врз Украина, и тоа соодветно земјава го демонстрира и во ОН, НАТО, ОБСЕ и на сите други билатерални и мултилатерални форуми“ се вели во соопштението на МНР.

Можете да прочитате

Миланов и Серафимовски во Србија: Зајакнување на соработката и олеснување на прометот на животни и производи меѓу двете земји

Левица: 14 жртви, нула одговорност – пресудата за модуларната болница ја потврди играта на ДПМНЕ и СДСМ: војна пред камери, сојузништво во неказнивоста

ДУИ: Поминаа 24 часа, ВЛЕН сè уште се крие и молчи за предвремени избори