Утрински Весник
Македонија

МНР: Продолжува спасувачката акција по третиот Македонец во Грција, состојбата на двајцата извлечени од море е добра

Нашите дипломатски-конзуларни претставништва во Грција рано наутро добиле потврда дека продолжува и денеска потрагата со спасувачка акција во полн капацитет- хеликоптер и бродови- како претходните два дена по исчезнатиот наш државјанин во местото Посиди, Грција, соопштија од Министерството за надворешни работи.

dobivaj vesti na viber

Здравствената состојба на двајцата државјани кои вчера и завчера беа извлечени од море е добра, појаснуваат од оваа институција и дополнуваат дека истите се наоѓаат во болница и се очекува нивно брзо пуштање од болница.

„Нашите претставништва остануваат во интензивен контакт со надлежните институции на Грција и секоја информација навремено ќе биде пренесена. Би сакале да упатиме благодарност до крајбрежната стража на Грција, грчкото воено воздухопловство и локалното население/волонтерите вклучени во потрагата за нивниот неизмерен труд и пожртвуваност“, велат од ресорното министерство.

Можете да прочитате

Локализиран пожарот на депонијата „Алинци“, се подготвуваат долгорочни решенија и засилен надзор

Директор фатен со мито од 50.000 евра – вечерва приведен во акција на МВР

Нови правила за пушење: Кафето со цигара само на тераса со посебен влез