Утрински Весник
Свет

(Видео) Екстремно високите температури во Шпанија предизвикаа пожари

Високи температури до 43 степени Целзиусови беа забележани вчера во Шпанија, донесени од топлото летно сонце во комбинација со топол воздушен фронт од Северна Африка.

dobivaj vesti na viber

Шпанските метеоролози прогнозираат дека вториот топлотен бран оваа година би можел да трае до 14 јули, пренесува „Ројтерс“. Највисоката регистрирана температура од 43 степени е измерена покрај реката Гвадалкивир во близина на Севиља на југот на Шпанија и во Бадахоз, на западот на земјата.

Локалните власти во Ла Риоха на северот на Шпанија соопштија дека синоќа 90 пожарникари се борат да го стават пожарот под контрола.

Андалузиските власти соопштија дека во Ел Ронкило кај Севилја поради пожар морале да бидат евакуирани околу 100 луѓе.

Можете да прочитате

Песков најавува преговори за Украина во Абу Даби во почетокот на ноември

Товарен брод потона во Црното Море кај Констанца по сомнителен напад со дрон; еден морнар е загинат

Најмалку 16 лица загинаа, 54 се повредени во земјотрес на Тибет со јачина од 7 степени